Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2009 се издадени 259 одобренија за градба што е за 7.8% помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 224 (86.5%) се наменети за објекти од високоградба, 9 (3.5%) за објекти од нискоградба и 26 (10.0%) за објекти за реконструкција.
