Како да станам член на Сојуз на стопански комори?
Зачленувањето во Сојуз на стопански комори е со едноставна постапка, пополнување на пристапница за членство. Право на членство според член 3.2 од Договорот за основање на ССК имаат: 1) стопански комори што се регистрирани согласно Законот за стопански комори во Република Македонија; 2) здруженија на правни и физички лица чија дејност е застапување на интересите на деловната заедница во Република Македонија; 3) стопански субјекти од Македонија; 4) физички лица или било кое друго лице или организација, македонски граѓанин или странски државјанин кој ги исполнува сите услови за членство во Сојузот на комори согласно правилата што ги определува Комисијата за членство на Сојузот на комори. Членството во гранските комори започнува од моментот на пополнување на пристапницата, односно уплатата на чланарината.
Што би добиле компаниите од зачленувањето во ССК?
- Фирмите кои се дел од Сојуз на стопански комори, препознааваат еден поинков приод во решавањето на своите бизнис проблеми. Здружено преку лобирање да ги остварат своите цели. Во ССК во поголем процент, членуваат мали и средни претпријатија кои имаат можност за промоција на својата компанија, навремено и точно информирање и можност за посета на обуки и семинари. ССК ги застапува интересите на компаниите членки пред владата и владините институции и помага во вмрежување со членките со останатите организации, институции и бизнис партнери. ССК овозможува за развојот на компаниите, воведување на иновации, помош за извоз на нивните производи на странските пазари и поврзување со странски бизнис партнери и релевантни странски институции и организации. Организирање на бизнис форуми и трговски мисии во земјата и во странство се со цел подобро презентирање на компаниите.
Колку би изнесувала цената на чланарината доколку станеме Ваш член?
- Членството во Сојуз на стопански комори е на добоволна основа и цената на чланарината е во зависност од бројот на вработени во фирмата. Уписната чланарина изнесува 1.500 денари и се уплаќа еднократно при зачленувањето во комората, а фактурите се издаваат на квартално ниво. Членството во гранските комори започнува во моментот на пополнување на апликацијата, односно уплатата на чланарината.Ова е табеларен приказ на квартална чланарина според категории.
|
Квартална членарина според категорија (во денари) |
1 квартал |
2 квартал |
3 квартал |
4 квартал |
|
SOHO (еден - двајца вработени) |
900,00 |
900,00 |
900,00 |
900,00 |
|
Микро претпријатие (до 10 вработени) |
1.850,00 |
1.850,00 |
1.850,00 |
1.850,00 |
|
Мало (од 11 до 49 вработени) |
3.700,00 |
3.700,00 |
3.700,00 |
3.700,00 |
|
Средно претпријатие (од 50 до 199 вработени) |
7.400,00 |
7.400,00 |
7.400,00 |
7.400,00 |
|
Средно-големо претпријатие (од 200 до 500 вработени) |
15.400,00 |
15.400,00 |
15.400,00 |
15.400,00 |
|
Големо претпријатие (над 500 вработени) |
24.600,00 |
24.600,00 |
24.600,00 |
24.600,00 |
|
Екстра големо (над 1000 вработени) |
46.200,00 |
46.200,00 |
46.200,00 |
46.200,00 |
|
Екстра екстра големо (над 2000 вработени) |
86.100,00 |
86.100,00 |
86.100,00 |
86.100,00 |
Еден квартал е составен од три месеци и тоа: (јан-мар, апр-јун, јул-сеп, окт-дек). Ако фирмата се зачлени во средината на кварталот, наместо целосна квартална членарина, кварталната членарина само за тој квартал се пресметува според бројот на месеци во кварталот во кој се пристапува.
|