Работата на комората е јавна. Јавноста на комората се обезбедува со постојано информирање на своите членови за работата на комората, објавување на одлуките на органите на комората преку издавање на брошури, весници списанија и сл., како и информирање преку своја стручна служба наменета за јавно информирање.
Комората својата активност ја води според принципот на слободна економска иницјатива, слободна конкуренција, авторегулирање на пазарот, заштита и достоинствено работење.
Комората своето дејстување го насочува кон принципите за квалитет и транспаретност, ефикасност, економичност и ефикасност фаворизирајќи го учеството на членовите. Со таа цел органите и канцелариите на Комората обезбедуваат распространетост дури и преку мрежите на информатика на документи на комората како што е статутот, правилниците и другите акти за кои се смета дека се од особен интерес за фирмите и пазарот.
|