Согласно член 6.3 од Договорот за основање на ССК, членовите на Сојуз на стопански комори можат да одлучат и да дејствуваат преку посебни организациони облици, заради поуспешно и поефикасно остварување на своите специфични заеднички интереси.
Во рамките на Сојуз на стопански комори, како дел од гранските комори, досега формирани се девет посебни групации.
- Групацијата за тренинг и консалтинг Консалтинг за човечки ресурси, организациско преструктуирање и развој, имплементација на стандарди, тренинг програми и бизнис вештини, обуки и советувања се само дел од можностите што ги нудат компаниите членки на Групацијата.
- Национална федерација на агенции за привремено вработување Основањето на Националната федерација на агенции за привремени вработувања е со цел намалување на невработеноста и воведување на вистински стандарди исто како и во европските држави.
- Групација на импортери на моторни возила Групацијата претставува вистински пример за здружено функционирање на конкурентски компании. Групацијата има свој претставник во Ревизорскиот комитет за изработка на закон за моторни возила. Стручниот тим на Групацијата на импортери на моторни возила, изработува анализа за состојбата за автомобилскиот пазар во Р. Македонија и споредба на автомобилските пазари во регионот.
- Групација на мотоцикли Групацијата на импортери на мотоцикли е формирана на 19 март во 2009 година година во рамки на Трговската комора, брои девет импортери на мотоцикли. Целта на основањето на Групацијата на импортери на мотоцикли е следење на пазарот на мотоцикли во Р. Македонија и соработка со владините институции.
- Групација на импортери на товарни моторни возила Групацијата на импортери на товарни моторни возила е формирана во мај 2009 година година во рамки на Трговската комора, брои шест импортери на товарни возила.
- Групација на производители на вино Целта на формирањето на Групацијата на винопроизводителите е директна поддршка и застапување пред институциите на системот, меѓународна промоција на македонските вина и формирање на препознатлив заеднички македонски бренд на вино.
- Групација на сервисери по ладење и климатизација Главната цел на Групацијата е да се обединат сервисерите по ладилна техника, со што би се олеснила нивната меѓусебна соработка, комуникација, како и спроведување на нивните барања и предлози за оваа дејност до соодветните тела.
- Групација на фармацевтски куќи, веледрогерии, аптеки и специјализирани продавници за промет со медицински помагала
- Групација на приватно здравство |