Развој на специфични индустриски активности и иницијативи кои ги подобруваат претприемачките вештини на компаниите членки и ја унапредуваат конкурентноста и продуктивноста, се основните цели на Индустриската комора. Индустриската комора е основана 2004 година, при формирањето на Сојуз на стопански комори.
Со 120 фирми активни членки, Индустриската комора дава значаен импулс во коморското работење. Фирмите заеднички преку иницијативи и здружено лобирање, препознаа еден поинков приод во решавањето на проблемите на стопанствениците.
