На 14-ти јули 2010 година Сојузот на стопански комори оствари бизнис средби со стопанственици од Латвија на која присуствуваа компании од различни области.
Интерес од компанијата МЕТРИДИС, со седиште во Атина, која е заинтересирана за соработка со поголеми МК компании од областа на производство на каучи (софи), како и компании од текстилната индистрија, за заеднички бизнис и профит.
Компанијата Veltro со седиште во Шиматари, Грција е заинтересирана за соработка со македонски компании во областа на прехрамбената индустрија и индустријата за пијалоци.
Израелската компанија ZIP која има синџир од 45 продажни места низ Израел е заинтересирана за соработка во доменот на производство на машка и женска конфекција според лон принципот.
Компанијата STEP Systems GmbH е иновативна компанија која се развива, произведува и продава мобилни и статични анализи на стационарни системи и опрема за анализа на почвата, водата и воздухот.
Бугарската фирма „Монтажи КО ООД“ од Софија, заинтересирана е за работа во Р.Македонија. Основната дејност на фирмата се градежно-монтажни работи во областа на енергетиката, машиноградбата, индустриската и стамбената изградба. Фирматa работи по ISO 9001:2000.
Во Украина на 06.03.2009 година стапил во сила законот за „внесување на измени на одредени закони во Украина кои би требало да ја подобрат состојбата на платежниот биланс на Украина поврзан со светската финансиска криза“, а со кој се врши зголемување на царинските такси за увезени производи во Украина за 13%.
Во рамките на економските активности, амбасадорот д-р Филипов, оствари средба со Thomas Oblinger, проект менаџер на фирмата ELAMAN GmbH - German Security Solution, со седиште во Минхен.