ССК може да го стори следното за Вас:
ü Консултантски услуги
ü Промоција на Вашата компанија можност Вашата компанија да биде промовирана на веб седиштето на ССК, во електронскиот информатор кој го добиваат повеќе од 1000 компании, медиуми низ целата држава, дипломати, меѓународни организации, а и промоција на настани во организација на ССК, преку брошури и каталози
ü Бизнис информации редовно информирање на членките за заинтересирани компании за соработка, настани, саеми, бизнис посети, форуми
ü Застапување на Вашата компанија артикулирање, процесирање и претставување на интересите и проблемите на фирмите членки пред надлежните институции
ü Вмрежување и нови деловни контакти размена на контакт информации, организирање на редовни средби, неформални средби кои се од особено значење за меѓусебното поврзување на фирмите
ü Обуки и семинари од значајните бизнис теми во изминатиот период успешно реализиравме поголем број на обуки и советувања а во тек е соработка со комората од Глазгов за размена на искуство и совети во одредени области.
ü Лобирање и успешно претставување на потребите на бизнис заедницата учество во подготвка и давање на сугестии за предлог закони, предлог мерки за унапредување на деловната клима, воспоставена е редовна комуникација со Владата која со поставената динамика на комуникација од еден состанок на крајот од секој месец го гарантира исполнувањето на нашата намера да ги решаме проблемите на нашите членки инстуционално
За Ваше подобро запознавање со насоките и работата на ССК кликнете овде
Веруваме дека членувањето во ССК ќе претставува предизвик за Вас и можност за поуспешно претставување на потребите на секторот во кој работите, како и превземање конкретни активности кои ќе придонесат за негов развој.
Бидете и Вие дел од водечката македонска деловна мрежа. Станете член на ССК!
|